25 December 2010

Harry Potter and the Deathly Hallows - first part

0 коментари

18 December 2010

ТЕ САКАМ, ФИЛИП МОРИС

0 коментари



Оригинален наслов : I LOVE YOU PHILLIP MORRIS
Година : 2010
Жанр : Комедија / Драма
Режија : Глен Фикара, Џон Реква
Улоги : Џим Кери, Иан Мекгрегор, Лесли Ман, Родриго Санторо


Кратка содржина :


'' Те сакам, Филип Морис '' е комична приказна за вистинскиот живот на еден измамник и повеќекратен бегалец од затвор, Стивен Џеј Расел кој го глуми холивудската супер ѕвезда Џим Кери. За време на одслужување на затворската казна, Расел се вљубува во својот цимер од ќелијата Филип Морис (Иан Мекгрегор). По пуштањето на Морис од затворот, Расел 4 пати ќе се обиде да побегне за да ја види својата љубов ...

ПРЕДАТОРИ

0 коментари



Оригинален наслов : PREDATORS
Година : 2010
Жанр : Акција
Режија : Нимрод Антал
Улоги : Адриен Броди, Тофер Грејс, Дени Трехо, Алис Брага, Лоренс Фишбурн


Кратка содржина : 


Во филмот глуми Адриен Броди во улогата на Ројс, платеник кој предводи група на елитни воини кои сваќаат дека се доведени на една планета со вонземјани за да станат нивни плен. Осум насилни пациенти, сите се ладнокрвни убијци - платеници, јакузи, осуденици, членови на водата на смртта - човечки '' предатори '' кои сега систематски ја прогонуваат и елиминираат новата раса на предатори-вонземјани.

КАРАТЕ КИД

0 коментари



Оригинален наслов : THE KARATE KID
Година : 2010
Жанр : Акција
Режија : Харалд Зварт
Улоги : Џејден Смит, Џеки Чен, Тараџи П. Хенсон


Кратка содржина :

Поради работните обврски една самохрана мајка и нејзиниот син Дре се преселуваат во Кина. Тој е разочаран од Пекинг поради културните разлики и насилството од локалните насилници. Набрзо станува очаен бидејќи не го знае јазикот и не се вклопува во друштвото. Но Дре го запознава господинот Хан кој станува негов ментор во боречките и лингвистичките способности...

ЗАРАЗНО ЗЛО 4 : ЗАДГРОБЕН ЖИВОТ

0 коментари

Оригинален наслов : RESIDENT EVIL 4 : AFTERLIFE
Година : 2010
Жанр : Акција / Н.Ф.
Режија : Пол В. С. Андерсон
Улоги : Мила Јововиќ, Али Лартер, Вентворт Милер, Ким Коутс, Шон Робертс


Кратка содржина :


Светот е заразен со вирусна честица од која луѓето оболуваат и стануваат зомби. Алис ги пронаоѓа преживеаните и ги спасува.Нејзината борба со корпорацијата АМБРЕЛА достигнува смртоносни размери, но на помош и доаѓа стар пријател. Со надеж дека ќе пронајде сигурно место заминува во Лос Анџелес. Но градот е преплавен со илјадници зомбија и тие ќе налетаат на замка...

МАЧЕТА

0 коментари


Оригинален наслов : MACHETE
Година : 2010
Жанр : Акција / Крими
Режија : Итан Маникис, Роберт Родригез
Улоги : Дени Трехо, Мишел Родригез, Џесика Алба, Роберт де Ниро, Линдзи Лохан, Дон Џонсон, Стивен Сигал


Кратка содржина :


Способниот платеник Мачета е најмен да го убие сенаторот.Но точно кога е спремен да ја изврши задачата сваќа дека сето тоа е замка. Набрзо поаѓа на патот на одмаздата на својот довчерашен шеф, со несебичната помош на својот пријател Чич Марина кои станал свештеник и се заколнал дека нема повеќе да применува насилство...

СУДИР НА ТИТАНИТЕ

0 коментари


Оригинален наслов : CLASH OF THE TITANS
Година : 2010
Жанр : Акција
Режија : Луис Летериер
Улоги : Лиам Нисон, Рајф Фајнс, Сем Вортингтон, Пит Постлтвејт


Кратка содржина :


Роден како бог, но одгледан како човек, Персеј е немоќен да го спаси своето семејство од Адот, осветољубивиот бог на подземјето. Кога веќе нема што да изгуби, Персеј доброволно станува водач на опасна мисија против Адот пред тој да се обиде да ја презеде власта од Зевс и да отвори пекол на земјата. Предводејќи група на храбри воини, Персеј ќе тргне на опасно патување длабоко во забранетите светови. Борејќи се против опасни демони, единствен начин да преживее е да ја прифати својата моќ на бог...

АРТУР 3: ВОЈНА МЕЃУ ДВА СВЕТА

0 коментари

Оригинален наслов : ARTHUR 3: LA GUERRE DES DEUX MONDES
Година : 2010
Жанр : Анимирана авантура
Режија : Лук Бесон


Кратка содржина :


Малтазард со лага успеал да влезе во светот на луѓето со цел да ја превземе контролата над универзумот. Само Артур може да го осуети неговиот план, но прво мора да се врати во својата соба и во својата нормална  големина. Заглавен во мал формат , може да смета на помош од неговите пријатели, но и изненадувачки е тоа што Даркос, синот на Малтазард,тврди дека тој сака да ја смени страната. Артур и пријатели ќе пешачат, ќе возат велосипед, автомобил па дури и  Харли Дејвидсон и ќе треба им треба помош од сите во конечната пресметка против Малтазард.

17 December 2010

ЖИВОТОТ КАКО ШТО ГО ЗНАЕМЕ

0 коментари

Оригинален наслов : LIFE AS WE KNOW IT
Година : 2010
Жанр : Романтична комедија
Режија : Грег Берланти
Улоги : Кетрин Хејгл, Џош Духамел


Кратка содржина :


Двајца амбициозни самци одеднаш стануваат старатели на едно девојче по име Софи. Холи Беренсон создава кариера во угостителство, а Ерик Месер е ветувачки спортски уредник. По првиот катастрофален состанок, заедничко им е тоа што еден на друг не се допаѓаат, но и љубовта кон кумчето Софи. Во еден момент Холи и Ерик стануваат се што има Софи на светот и присилени се своите разлики да ги остават на страна. Со амбициозните планови за кариерата и преполниот друштвен календар, ќе морат да пронајдат заедничко тло како основа за живеењето под ист покрив.

ЌE СРЕТНЕШ ВИСОК, ТЕМЕН СТРАНЕЦ

0 коментари

Оригинален наслов : YOU WILL MEET A TALL DARK STRANGER
Година : 2010
Жанр  : Романтична комедија
Режија : Вуди Ален
Улоги : Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Фрида Пинто


Кратка содржина :


Филмот следи два брачни пара додека нивните страсти, амбиции и тешкотии ги доведуваат во тешкотии и право лудило.Кога Алфи ќе ја напушти Хелена, за да ја врати својата изгубена младост ќе оди со една проститутка Шармејн, Хелена откачува и својот живот го препушта на еден луд советник.
Несреќна од својот брак, Сали се заљубува во својот згоден шеф и сопственик на уметничка галерија Грег, а Рој, писател на романи, кој нервозно ја очекува реакцијата за својот нов роман, се заљубува во Диом, таинствена жена која ја видел од прозорецот.
Со насловот превземен од пророштвото со кои гатачите се служат за да го намамат својот плен, овој филм на циничен начин ни покажува како илузиите можат многу лесно да не направат будали.





30 October 2010

ПАТОТ

0 коментари


Оригинален наслов : THE ROAD
Година : 2009
Жанр : Драма, трилер
Режија : Џон Хилкоут
Улоги : Виго Мортенсен, Шарлиз Терон, Роберт Дувал


Кратка содржина :

И по 10 години откако е уништен светот, сеуште никој со сигурност не може да каже како е всушност уништен. Дали се случила нуклеарна катастрофа, удар на метеорид или пак е последица од експлозија на Сонцето, никој не знае. Резултат на немилиот настан е тоа што сега на Земјата нема ни енергија, ни струја, ни вегетација, ни храна. Милиони луѓе умреле, исчезнале во пожари или поплави или пак умреле од глад во светот без струја.
Еден маж и едно момче тргнуваат по светот носејќи храна, облека, алати, вреќи односно се што имаат за да се заштитат од студот. Сето тоа го туркаат во колички за пазарење и изгледаат како бездомници. Тоа всушност и се, заедно со уште илјадници кои талкаат исто како и нив. За време на своето патување кон Океанот, се кријат во напуштени згради стравувајќи банди да ни им го украдат и она малку кое го имаат. По патот наидуваат на многу очајници, но најстрашни од сите се добро нахранетите канибали.

23 October 2010

БРОЕВИ

0 коментари

Оригинален наслов : NUMB3RS
Година : 2005-2010
Жанр : Крими -  серија
Улоги : Дејвид Крумхолц, Роб Мороу, Даен Фар
Број на сезони : 6


Кратка содржина : 

Секое злосторство е збир од непознати, но сепак постои еден одговор, а решението можеби се крие во сложените математички равенки. Ако фактите и доказите од обичната полициска истрага се постават во криминалистичка равенка, резултатот од тој неверојатен експеримент може да биде само еден - многу решени убиства. Ова необична метода ја користи и федералниот агент Дон Епс кој бо својата екипа за таа намена ги користи услугите на брилијантниот математичар Чарли.

22 October 2010

МРАЧНИОТ ВИТЕЗ

0 коментари

Оригинален наслов : The dark knight

Година : 2008
Жанр : Акција
Режија : Кристофер Нолан
Улоги : Кристијан Бејл, Хит Леџер, Мајкл Кејн, Гери Олдмен


Кратка содржина : 

Бетмен го стега обрачот околу криминалниот елемент во Готам, во второто продолжение од воскреснатиот серијал на Бетмен. „Мрачниот Витез" ја враќа актерската екипа од претходниот дел „Бетмен почетокот" на која овој пат и се придружи неодамна починатиот актер Хит Леџер. Во Мрачниот Витез”, Бетмен со помошта на поручникот Џим Гордон и јавниот обвинител Харви Дент решително им се спротивставуваат на криминалните организации, кои се главни по улиците на нивниот град. Нивното партнерство се покажува како ефективно, но набргу и тие стануваат жртви на хаосот што го предизвикува психопатот, криминален гениј, кој им познат иа преплашените граѓани на Готам како Џокерот. Многумина сметаат дека Хит Леџер кој се појавува во улогата на Џокерот заслужува да биде постхумно награден со Оскар бидејќи она што можеме да го видиме во филмот е брилијантно, а тој веројатно е најдобриот негативец кој во последно време се појавил на големото платно.

НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАМ ТВОЈА ЖЕНА

0 коментари

Оригинален наслов : I could never be your woman
Година : 2007
Жанр : Комедија, романса
Режија : Ејми Хекерлинг
Улоги : Мишел Фајфер, Пол Руд, Саорис Ронан


Кратка содржина :


Најновата романтична комедија на режисерката и сценаристка Ејми Хекерлинг, позната по своите филмови Fast times at Ridgemont High, Look who’s talking и Clueless, е приказна за мајка (Мишел Фајфер) која се вљубува во многу помлад маж (Пол Руд). Во исто време нејзината ќерка - тинејџерка (Саорис Ронан) првпат ја доживува љубовта. Интересен ефект на филмот му дава ликот на Мајката Природа  која ќе ги замеша своите прсти во нивните судбини.

СУПЕРЛОШ

0 коментари

Оригинален наслов : Superbad
Година : 2007
Жанр : Комедија
Режија : Грег Мотола
Улоги : Сет Роген, Мајкл Цера, Џонах Хил


Кратка содржина :

Филмот е приказна за растењето на двајца најдобри другари, тинејџери кои се обидуваат да се вклопат во средношколскиот филм кој подразбира девојки и алкохол. Тие се дури и премногу заедно и меѓусебно се зависни, но се запишуваат на различни колеџи и ќе бидат приморани да почнат да размислуваат за одвоени животи. Иван е добар, паметен, но постојано престрашен, а Сет е невоспитан, тврдоглав и опседнат со спротивниот пол. На последната школска журка тие двајцата се обидуваат да дојдат до алкохол со цел да ги опијат девојките за да спијат со нив за прв пат.

NO RESERVATIONS

0 коментари

Година : 2007
Жанр : Драма, комедија
Режија : Скот Хикс
Улоги : Кетрин Зета-Џонс, Арон Екхарт, Абигаил Бреслин


Кратка содржина :


Во овој римејк на германска комедија Catherine Zeta-Jones ја глуми ладната куварка Кејт Армстронг на која и умира сестрата и таа ќе биде принудена да се грижи за нејзината деветгодишна ќерка. Освен тоа, ќе мора и да ја дели кујната со шармантниот и талентиран кувар (Aaron Eckhart). Нивната хемија ќе ги надмине кулинарските рамки. Филмот е современа драма која успева да воспостави рамнотежа помеѓу длабоките емоции и моментите на искрен хумор и радост, а токму така повеќето од нас го прифаќаат животот. Ова е приказна за губитокот и прифаќањето на промените.

RESIDENT EVIL: EXTINCTION

0 коментари


Година : 2007
Жанр : Хорор, акција
Режија : Расел Мулкахи
Улоги : Мила Јововиќ, Одед Фехр, Али Лартер, Ашанти


Кратка содржина :


Алис (Milla Jovovich), која сега се крие во пустината Невада, повторно се здружува со Карлос Оливера и Ел-Џеј, како и со новите преживеани, Клеј, Кеј-Март и болничарката Бети. Тие ќе се обидат да го елиминираат смртоносниот вирус кој се заканува со претварање на секој човек во зомби и да дојдат до правдата. Откако беше фатена од корпорацијата Амбрела, Алис стана дел од нивните биогенетски експерименти по кои генетски ќе се изметна и ќе доби надчовечка сила, сетила и движења. Во ова продолжение на Притаено зло овие способности ќе и бидат потребни повеќе од било кога ако сака да преживее.

RATATOUILLE

0 коментари

Година : 2007
Жанр : Анимиран филм
Режија : Бред Бирд

Кратка содржина :

Глушецот Реми има необична желба. Тој сака да стане главен готвач во отмен ресторан. Шанса за тоа гледа во угледниот француски ресторан каде што работи неговиот идол, готвачот Огус Густо. Негово мото е Секој може да стане готвач. Но, со самото влегување во кујната Реми сфаќа дека тоа е многу опасно место за некој со четири екстремитети и опашка. Во моментот кога мисли дека не постојат буквално никакви шанси за исполнување на неговиот сон, тој се запознава со Лингуини, срамежливото момче кое има задача да го исфрла ѓубрето од кујната и на кое му се заканува отказ. Така оваа необична двојка која нема што да изгуби формира партнерство – Лингуини треба да готви според идеите на Реми. Наскоро тие двајцата со своите прекрасни јадења ќе го освојат Париз

21 October 2010

HARRY POTTER AND THE ORDER OF THE PHOENIX

0 коментари

Година : 2007
Жанр : Авантура
Режија : Дејвид Јејтс
Улоги : Даниел Редклиф, Руперт Гринт, Ема Вотсон


Кратка содржина :


Хари ја започнува својата петта година од школувањето и открива дека голем дел од заедницата на волшебниците се против неговата неодамнешна средба со злобниот лорд Волдемор и сакаат воопшто да не размислуваат за неговото враќање. Заради стравот дека директорот на Хогвортс, Албус Дамблдор, всушност шири дезинформација дека Волдемор се враќа за да не ја намали неговата моќ и да ја преземе неговата работа, министерот за магија, Корнелиус Фаџ, го именува новиот професор за Одбрана од мрачните сили да внимава на Дамблдор и учениците од Хогвортс. Меѓутоа професорката Долорес, која ја води наставата подржана од страна на министерството, ги остава младите волшебници недоволно спремни за да се одбранат од мрачните сили кои им се закануваат и ним и на целата заедница на волшебниците. Затоа, Хари придружен од своите пријатели Хермион и Рон решава да ги земе работите во свои раце. Тајно се состанува со групата ученици која себе си се нарекуваАрмијата на Дамблдори ги подучува како да се бранат од црнаата магија, спремајќи ги младите волшебници за битката која претстои.

I NOW PRONOUNCE YOU CHUCK & LARRY

0 коментари

Година : 2007
Жанр : Комедија
Режија : Денис Дуган
Улоги : Адам Сендлер, Кевин Џејмс


Кратка содржина :


Чак (Adam Sandler) и Лари (Kevin James) се гордост за својата пожарникарска станица. Истовремено и многу добри пријатели кои никогаш и никаде не се раздвојуваат и би направиле се еден за друг. Во една прилика, Лари му го спасува животот на Чак и му станува доживотен должник. Но, наскоро ќе го изненади услугата која Лари ја бара од него. Вдовецот Лари не може да ги назначи своите две деца за корисници на неговото животно осигурување па затоа ќе побара од него тајно да склучат брак за кој никој нема да знае и само да живеат во ист дом. Така, доколку нешто му се случи на Лари, Чак ќе ги добива парите од осигурувањето и ќе може да се грижи за неговите деца. Но, нивниот таен брак одеднаш станува вест број еден на сите можни медиуми. Сега пак им се наметнува нова ситуација – никој не смее да дознае дека лажат. Тоа ги принудува на многу неочекувани, комични ситуации каде тие мораат да се однесуваат како вистинско семејство.

BLADES OF GLORY

0 коментари

Година : 2007
Жанр : Комедија, спортски филм
Режија : Џош Гордон, Вил Спек
Улоги : Вил Ферел, Вил Арнет, Џон Хедер


Кратка содржина :

Филмот е приказна за двајца лизгачи на кои им е одземен златниот олимписки медал и се суспендирани. Снаодливите лизгачи, сепак, ќе успеат да најдат дупка во законот и да им се вратат на натпреварите...

20 October 2010

PRINCE OF PERSIA: THE SANDS OF TIME

0 коментари


Година : 2010
Жанр : Акција, авантура
Режија : Мајк Њуел
Улоги : Џејк Гиленхал, Џема Артертон, Бен Кингсли


Кратка содржина :

„Принцот од Персија: Песоци на времето" претставува епска акциска авантура сместена во мистичните предели на Персија, а го следи животот на тамошниот принц и на мистериозната принцеза Тамина (Џема Артертон) кои ќе се впуштат во борба со зли сили за да го заштитат светиот меч со кој може да се ослободат песоците на времето. Песоците се дар од боговите што може да го вратат времето наназад и да им дадат моќ на оние што ги поседуваат.
„Принцот од Персија: Песоци на времето" е интересна и забавна авантура, адаптација на истоимената видео игра. Она што е значајно е филмот претставува вистински напредок кога станува збор за филмски адаптации на игри.

АГЕНТОТ САЛТ

0 коментари

Оригинален наслов : SALT
Година : 2010
Жанр : Акција, трилер
Режија : Филип Нојц
Улоги  : Анџелина Џоли, Лев Шрејбер, Чиветел Еџифор


Кратка содржина :


Како агент на ЦИА, Евелин Салт (Анџелина Џоли) положила заклетва дека чесно ќе и служи на својата земја. Нејзината лојалност ќе биде доведена во прашање кога ќе биде обвинета дека е руски шпион. Корисејќи ги своите вештини и искуството кое го има како таен агент, таа започнува борба за да го избегне апсењето и да ја докаже вистината. Но, нејзините напори да ја докаже вистината се повеќе ја зголемуваат нејзината вина и во борбата да го открие својот вистински идентитет, на публиката и останува само да се прашува “Која е всушност Салт?”

СЕМЕЈСТВОТО ЏОНС

0 коментари

Оригинален наслов : THE JONESES
Година : 2009
Жанр : Комедија, драма
Режија : Дерик Борте
Улоги : Деми Мур, Дејвид Духовни, Амбер Хард, Глен Хедли, Лорин Хатон

Кратка содржина :

Филмот на Дерик Борте со име " The Joneses" (Семејството Џонс) е еден од мноштвото нови холивудски филмови, кои се социјален коментар на корисничкото општество и ја прикажуваат неговата вистинска слика.
Ова е современа приказна за едно измислено семејство, чија задача е да рекламираат продукти. Тие не работат за компаниите кои ги произведуваат овие производи, туку за маркетинг-агенција која треба да ги продаде нив. Всушност, тие самите треба да ги натераат луѓето да ги купат тие продукти, воодушевувајќи ги со идеалниот живот кој го живее нивното фиктивно семејство.
Тие се доселуваат во мало место каде што животот е сосема нормален, далеку од луксузен и импресивен. Идејата ќе има биде многу едноставна - во ова пасивно место да направат капиталистичко задвижување и да ги потикнат овчичките да купуваат скапи производи. Така, Стив Џонс (Дејвид Духовни) ја има задачата да ги активира мажите да играат бели спортови (голф), да возат скапи автомобили и да се облекуваат луксузно. Кејт (Деми Мур), пак, ја има задачата да ги активира сопругите да купуваат скапи парфеми, накит и луксузна облека, а додека нивната лажна ќерка Џен и синот Мик да ги поттикнат младите да трошат, како што трошат џет-сетерите во поголемите градови. Но, како што соседите се обидуваат да го следат семејството Џонс, никој не е подготвен за вистината за ова повеќе од совршено семејство.  

ЗАМЕНА

0 коментари

Оригинален наслов : THE SWITCH
Година : 2010
Жанр : Комедија, драма
Режија : Џош Гордон и Вил Спек
Улоги : Џенифер Анистон, Џејсон Бејтмен


Кратка содржина :

Една немажена 40-годишна жена (Џенифер Анистон) се решава на инсеминација за да остане трудна. Седум години подоцна, повторно се среќава со најдобриот пријател (Џејсон Бејтман) кој со години од неа крие една голема тајна: дека ја заменил спермата за инсеминација со својата. Филмот се одликува со интересна содржина и шармантна актерска екипа, но има и доста делови по кои не се разликува од стандардните романтични комедии.

УБИЈЦИ

0 коментари


Оригинален наслов : KILLERS
Година : 2010
Жанр : Комедија, акција
Режија : Роберт Лукетиќ
Улоги : Ештон Качер, Кетрин Хеигел


Кратка содржина :

По изненадното раскинување со момчето, Џен Корнфилд (Кетрин Хејгл) заминува на одмор во Ница заедно со своите родители. Во Ница се запознава со мажот од нејзините соништа, згодниот и шармантен Спенсер (Ештон Качер). По три години наизглед невозможната желба веќе е остварена - тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот во предградие - се до денот по 30-тиот роденден на Спенсер кога куршуми почнуваат да летаат. Тогаш Џен ја дознава тајната која Спенсер веќе три години успешно ја сокривал - пред да ја запознае работел како платен убиец. Светот на Џен сосема се руши и за првпат почнува да живее на работ. Додека се обидува да преживее, Џен станува одлучна во идејата да дознае дали тоа е единствената тајна која Спенсер не и ја кажал.

TOOTH FAIRY

0 коментари

Година : 2010
Жанр : Комедија
Режија : Мајкл Лембек
Улоги : Двејн Џонсон, Ешли Џад, Стивен Мерчант


Кратка содржина :


Двејн Џонсон и Ешли Џуд се дел од оваа одлична семејна комедија. Во центарот на приказната е Дерек Томпсон кој е „Тут Фери“, наострен хокеј играч чиј прекар доаѓа од неговата навика да им ги крши забите на противниците. Кога Дерек ќе ги уништи надежите на младите, тој ќе биде испратен на еднонеделна макотрпна работа. Со крилја и магично стапче, тој ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња. На почетокот, воопшто не му оди од рака, постојано се спрепнува во обидот да избега од туѓите домови... она, што многу лесно го прави самата Вила. Но, како што Дерек се привикнува на неговата работа, така почнува да си ги разоткрива своите подзаборавени сни.

ВОЗРАСНИ

0 коментари

Oригинален наслов : GROWN UPS
Година : 2010
Жанр : Комедија
Режија : Денис Дуган
Улоги : Адам Сендлер, Крис Рок, Кевин Џејмс, Сeлма Хаек


Кратка содржина :

Познатите актерски имиња Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Дејвид Спеид, Крис Рок, Роб Шнајдер, Селма Хаек, Марија Бело и Маја Рудолф се дел од најновото филмско остварување на режисерот Денис Дуган, познат по урнебесните комедии „Не се задевајте со Зохан” и "Ве прогласувам за Чак и Лери". Адам Сендлер пак има двојна улога во креирањето на филмот, ќе го видиме во една од главните улоги во филмот, а истовремено е и косценарист. Во центарот на приказната се петмина пријатели од детството кои по 30 години повторно се среќаваат по повод смртта на нивниот кошаркарски тренер. Заедно со нивните сопруги и децата, заедно го минуваат викендот за Денот на независноста, 4-ти јули, во викендичка крај езеро. Евоцирајќи ги спомените од минатото и продолжувајќи онаму каде застанале, тие ќе откријат дека стареењето не значи и созревање. 

ВИТЕЗ И ДЕН

0 коментари



Оригинален наслов : KNIGHT AND DAY
Година : 2010
Жанр : Акција, комедија
Режија : Џејмс Менголд
Улоги  : Том Круз, Камерон Дијаз


Кратка содржина :

По улогите во одличниот „Небо од ванила” (Vanila Sky) од 2001, актерскиот тандем Том Круз и Камерон Диаз ќе ги видиме во најновото остварување на Џејмс Менголд. Тој е веќе докажано име во Холивуд благодарение на своите филмови „Неприлагодена“ (Girl, interrupted) со Анџелина Џоли, „3:10 за Јума” (3:10 to Yuma) и „Чекорење по ивицата” (Walk the line). Во центарот на приказната во „Невини лаги“ е една осамена жена (Камерон Диаз) која оди на еден навидум незначаен „состанок на слепо“ кој неочекувано и го испревртува сиот дотогашен живот и секојдневие. Таа воопшто не ни помислува дека човекот кој го среќава е таен агент (Том Круз) кој ќе ја поведе во дива и возбудлива авантура за да ја сочувал моќната батерија во која е содржан клучот на неограничениот извор на енергија. Да бидат покомплицирани работите нејзината сестра се мажи, а токму таа мора навреме да стигне на свадбата за да го заземе местото на нивниот починат татко и да ја испрати до олтарот.

ПРИКАЗНА ЗА ИГРАЧКИТЕ 3

0 коментари
 

Oригинален наслов : TOY STORY 3
Година : 2010
Жанр : Анимиран
Режија : Ли Ункрич

Кратка содржина :

„Приказна за играчките“ е еден од најуспешните и најпознатите компјутерски анимирани серијали на Пиксар. Првиот филм од серијалот е направен уште во 1995 год., и воедно е и првиот долгометражен филм кој е целосно компјутерски анимиран. Третиот дел е првично најавен како проект на Дизни, кој требаше да се реализира независно од оригиналните автори и тех. поддршка на Пиксар. Но, по обединувањето на Пиксар и Дизни, проектот се враќа во студијата на Пиксар. Така, оригиналниот режисер на првите два дела станува извршен продуцент на третиот дел, а пак, одговорниот за монтажа - режисер на филмот. Импресивната актерска екипа која ги позајмува гласовите на ликовите во филмот не се менува. Но сепак, креативниот тим се разликува доволно квалитативно за да донесе есенцијално освежување во серијалот. Не случајно, првичниот прием и рецензиите за филмот се одлични: „„Приказна за играчките 3“ е можеби и најдобриот дел во серијалот“.
Во третиот дел, продолжуваат авантурите на Вуди, Баз и нивната дружина на играчки. Но сега, заплетот е околу одењето на колеџ на нивниот сопственик Енди, кој ги остава неговите играчки во центар за дневен престој на деца. Играчките таму запознаваат нови пријатели (меѓу другите Кен и Барби) со кои почнуваат да прават план за бегство од Центарот и да го најдат Енди.


ПЛАТЕНИЦИ

0 коментари

Оригинален наслов : THE EXPENDABLES
Година : 2010
Жанр : Акција
Режија : Силвестер Сталоне
Улоги : Силвестер Сталоне, Џет Ли, Арнолд Шварценегер, Мики Рурк, Ерик Робертс, Џејсон Статам


Кратка содржина :


„Платеници“ е еден од најочекуваните акциони филмови во последните десетина години. Филмот е своевиден омаж на акционите филмови од 80-ти години („Рамбо”, „Терминатор”, „Командос”...). Во  филмот е собрана неверојатна актерска екипа,: Силвестер Сталоне, Џет Ли, Долф Лундгрен, Ерик Робертс, Мики Рурк, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Дни Трејо. Силвестер Сталоне освен како актер се потпишува и како сценарист и режисер на филмот. Целата еуфорија околу  филмот е подгреана со неколку несреќи кои го пратеа неговото снимање (смрта на Британи Марфи, која имаше споредна улога во филмот и тешката повреда на вратот на Сталоне при снимање на една од бруталните сцени на борба во филмот). Група на платеници се собира и заминува во Јужна Америка каде во една самоубиствена мисија ќе се обидат да го симнат од власт озлогласениот диктатор на една мала банана држава.

УЧЕНИК НА ВОЛШЕБНИКОТ

0 коментари

Оригинален наслов : THE SORCERER'S APPRENTICE
Година : 2010
Жанр : Акција, авантура
Режија : Јон Тртлтауб
Улоги : Николас Кејџ, Алфред Молина, Моника Белучи, Џеј Баручел


Кратка содржина :

Балтазар Блек (Николас Кејџ) е волшебник кој живее во Менхетн и кој се обидува да го одбрани градот од својот непријател, Максим Хорват (Алфред Молина). Знаејќи дека тоа не може да го постигне ова сам, Балтазар го регрутира Дејв кој на прв поглед делува како просечен тип. Но, Дејв поседува голем потенцијал па заради тоа станува ученик на волшебникот. Балтазар преку краток курс го упатува својот чирак во тајните и вештините на науката и магијата. Заедно со волшебникот, Дејв формира партнерство кое треба да се бори силите на темнината. Потребно ќе биде целата храброст која ја поседува ученикот за да ја преживее обуката, да го спаси градот и да ја освои девојката. Покрај Николас Кејџ и Алфред Молина, во филмот се појавува и преубавата Моника Белучи во улога на Вероника, љубовта на Балтазар.

19 October 2010

BRINGING DOWN THE HOUSE

0 коментари

Година : 2003
Жанр : Комедија, романса
Режија : Адам Шенкман
Улоги : Квин Латифа, Стив Мартин, Јуџин Леви


Кратка содржина :


Даночниот адвокат, Питер Сандерсон среќава жена која се вика Шарлин на Интернет. Тој очекува да сретне русокоса, синоока адвокатка. Она што го добива е афро-амерканка која има избегано од затвор. Шарлин доаѓа кај Питер да бара помош во обидот да дознае кој ја има наместено да одговара за оружен грабеж. Во меѓувреме, таа му создава хаос во животот, правејќи тој да запознае сосема поинаква страна од себеси, која е различна од онаа на стегнат белец, каков што е.

Урнебесниот Стив Мартин („Татко на невестата“) и номинираната за награда од Академијата, Квин Латифа („Чикаго“) играат во блокбастер, урнебесната комедија ПАД НА СИСТЕМОТ. Питер Сандерсон (Мартин), разведен, стегнат и сериозен адвокат кој е зависник од работа, ја сретнува паметната и бомбастична адвокатка во една Интернет соба за разговор, и двајцата решаваат да се сретнат. Очекувајќи слична на себе, тој ја отвора вратата и се наоѓа соочен со Шарлин (Латифа) - дива и луда соул девојка која тукушто има избегано од затвор и сака Питер да ѝ го исчисти името. Но, Питер не сака да има ништо со неа, а тоа ја поттикнува Шарлин да предизвика целосен хаос во животот на Питер. Настануваат хистерични компликации, а Питер наскоро дознава дека можеби ќе му треба Шарлин исто онолку колку што тој ѝ треба неа.

COURAGE UNDER FIRE

0 коментари


Година : 1996
Жанр : Драма, воен
Режија : Едвард Цвик
Улоги : Дензел Вашингтон, Мег Рајан, Лу Дајмонд Филипс


Кратка содржина :


ХРАБРОСТ ПОД ОГАН е приказна за потполковник Натаниел Серлинг и капетан Карен Валден. Во еден жесток полноќен напад во Персискиот Залив, Серлинг дава наредба да се стрела на она што тој верува дека е непријателски Т-54 тенк. Кога се расчистува чадот, престрашен е од што гледа дека уништил еден од своите тенкови, убивајќи неколкумина од неговите. Додека војската спроведува истрага за оваа несреќа со „пријателски оган“, Серлинг е пратен дома во Вашингтон и добива прекоманда во пеколот од работа зад биро во одделот за Награди и одликувања на Пентагон. Серлинг добива наредба да ја прегледа постхумната кандидатура на капетан Карен Волден за Медал на честа, кој треба да ѝ се додели на пилотката на медицинското летало за евакуација за нејзината „храброст под оган“. Серлинг се навлекува на противречните приказни на нејзината екипа во поглед на дејствата на Волден во текот на спасувачката мисија. Серлинг почнува да се сомнева во многу посложена приказна, можеби и прикривање. Се соочува со неговиот претпоставен, но добива закана дека ќе ја изгуби закрилата на неговиот ментор од внатрешните иследници ако не потклекне под волјата на институцијата. Во очајна трка против времето, тој мора да ја дознае вистината, а сепак некако да си ја зачува честа.

ЛЕДЕНА ДОБА

0 коментари
Оригинален наслов : ICE AGE
Година : 2002
Жанр : Анимиран филм
Режија : Крис Веџ, Карлос Салдана


Кратка содржина :


Пред 20.000 години, нашата планета влегува во Ледено доба. Сите видови животни почнуваат да емигрираат кон југ, барајќи потопла клима. Сид, една мрзлива животинка која никогаш не престанува да зборува е оставена да спие додека сите останати почнуваат да патуваат кон југ. Кога се буди, тој го среќава Мени, мамут кој патува на север, па одлучува да го следи. Кога еден човечки камп го напаѓаат тигри, една жена го зема своето бебе и скока во една река. Пред таа да се удави, бебето го спасуваат Мени и Сид. Двете животни решаваат да го бараат таткото и да му го вратат бебето. Диего, еден од тигрите кои ги нападнаа луѓето исто така доаѓа, барајќи го бебето.

17 October 2010

THE JERK THEORY

0 коментари
 

Година : 2009
Жанр : Комедија
Режија : Скот С. Андерсон
Улоги : Џош Хендерсон, Џена Деван


Кратка содржина :


Адам (Џош Хендерсон) е вообичаениот фин тип. Тој прави сѐ за својата девојка, Синтија, но таа не го цени тоа и го остава за училишниот идиот, Марк Диксон. Некои помали мажи би се предале на својата болка и самосожалување, но не и Адам. Тој одлучува дека бидејќи девојките не сакаат фини момци, тогаш тој ќе биде кретен; ова функционира совршено со различни видови девојки. На Моли (Џена Деван) и е доста од излегување со кретени, па го остава истиот оној кој му ја украде девојката на Адам минатата година. Адам си зацртува да ја добие девојката која го остави неговиот голем непријател. Тој сега точно знае како треба со жените, но Моли не сака да има ништо со него и неговата теорија. Адам ќе мора да се реинкарнира во финиот тип доколку сака да има шанса кај Моли, но таа транзиција може само да доведе до уште едно кршење на срцето...




ЗАДАЧА

0 коментари

Оригинален наслов : THE ASSIGNMENT
Година : 1997
Жанр : Акција, трилер
Режија : Кристијан Дугеј
Улоги : Ејдан Квин, Доналд Сатерленд, Бен Кингсли, Клодија Фери, Селин Боние


Кратка содржина :


Офицерот на подморницата, кубанскиот-американец Анибал Рамирез доаѓа многу близу до Карлос Санчез. Тој за време на одморот во Израел ќе биде брутално испрашуван како можен терорист. Американскиот агент Џек Шоу и неговиот колега Израелецот Амос сфаќаат дека може да го искористат Рамирез како мамка за да го фатат Чакалот. Сакајќи да и служи на својата замја Рамирез не е сигурен дали може да ги преживее психичките и физичките предизвици за да стане Санчез. На крајот од тренингот Рамирез го познава Санчез подобро од било кој друг и влегува во светот како Чакалот.

16 October 2010

BOWFINGER

0 коментари
Година : 1999
Жанр : Комедија
Режија : Френк Оз
Улоги : Стив Мартин, Еди Марфи, Хедер Грахам

Кратка содржина :

Боби Боуфингер е продуцент кој на невообичаен начин сака да направи филмски мега-хит, без пари, а најчудното е што главниот актер во филмот, Кит Ремзи, глуми без да знае ...

MALLRATS

0 коментари

Година : 1995
Жанр : Комедија
Режија : Кевин Смит
Улоги : Шанен Дохерти, Џереми Лондон, Џејсон Ли, Клер Форлани


Кратка содржина :


Приказна за две момчиња кои што се " откачени " од девојките и како утеха започнуваат со талкање низ шопинг центрите.Во еден од нив им успева да влезат во едно шоу, каде се запознаваат со магнатот на цртаните стрипови, Стен Ли.
Компликациите настануваат кога девојките ќе откријат каде се и што прават нивните откачени момчиња.

ОТСТРЕЛ

0 коментари

Оригинален наслов : BURN NOTICE
Година : 2007-
Жанр : крими-серија
Улоги : Џефри Донован, Гебриел Анвар, Брус Кемпбел
Број на сезони : 3(досега)

Кратка содржина :

Burn Notice се фокусира околу Michael Westen, шпион кој е "изгорен". Во шпионскиот свет не те отпуштаат, туку те горат,што значи ти ги замрзнуваат кредитните картички, те фрлаат во непознат град и те чуваат таму, додека да се помириш со целата ситуација.
За негова среќа (или несреќа), Мајкл е фрлен во Мајами, неговиот роден град. Така, таму се среќава со својата бивша девојка Фиона (екс-шпион за IRA) и Сем, бивши шпион на ЦИА. Заедно го сочинуваат необичниот тим, кој за да дојде до пари, секојдневно им помага на обични луѓе во нивните проблеми - секако со нивните super-spy техники.

PUBLIC ENEMIES

0 коментари

Година : 2009
Жанр : Криминален филм
Режија : Мајкл Ман
Улоги : Кристијан Бејл, Џони Деп

Кратка содржина :

Дејството се одвива во 30тите години од минатиот век, каде Џон Дилинџер (Џони Дип) е озогласен ограбувач на банки кој набрзо стекнува репутација на херој.
Поради економскиот крах, луѓето му се благодарни на Дилинџер, кој како да и "мава шамар" на власта, која е крива за лошата економска состојба.
Но, новата организација (во тоа време) на претседателот Џеј Едгар Хувер - FBI, сигурно нема да седи со скрстени раце.

THE HANGOVER

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Комедија
Режија : Тод Филипс
Улоги : Бредли Купер, Ед Хелмс, Зек Галифианакис,Џастин Барта

Кратка содржина :

Четворица момци одат на  ергенска забава во Лас Вегас пред едниот од нив да се предаде "во пеколот" засекогаш - да се ожени.
Но, специфичното е што филмот не се занимава со забавата, колку со дента потоа - односно последиците.
Така, нашите јунаци ќе се најдат во типична Вегас ситуација, кој без заби, кој со подочњаци, бебе во плакарот, тигар во дневната, испржени каучи, Мајк Тајсон...
Ѕвезда на филмот е Бредли Купер, попознат по улогите во Yes Man и Wedding Crashers. Други познати "фацки се Ed Helms (Енди Бернард од The Office) и Zach Galifianakis.
Новата комедија во премиерниот викенд успеа да заработи најмногу во текот на изминатиот кино викенд во Америка. Ова комедија која што е режирана од Todd Phillips а продуцирана од Scott Budnick, Thomas Tull и Jon Jashni а која што е дистрибуирана од Warner Bros. Pictures Distribution беше прикажувана по 3269 кино сали во Америка, во који успеа да оствари заработка од $44,979,319 милиони американски долари

KNOWING

0 коментари

Година : 2009
Жанр : Мистерија, Н. Фантастика
Режија : Алекс Пројас
Улоги : Николас Кејџ, Чендлер Кентербури, Роуз Бурн

Кратка содржина :

Во 1959 година во едно основно училиште во САД се врши закопување на временска капсула која треба да се отвори 50 години подоцна. Учениците имаат за задача да ја претстават иднината преку цртежи, но едно девојче опседнато од нешто на листот ќе пишува само бројки кои ја предвидуваат иднината.
По 50 години откако ќе се отвори капсулата, синот на Николас Кејџ ќе го добие тој лист. Татко му ќе запримети дека тоа се всушност предвидувања за најголемите светски катастрофи во последните 50 години и уште некои кои допрва треба да се случат.
Последното предвидување е крајот на светот, но дали некој може да го смени тоа, со многу многу труд.

03 October 2010

THE PROPOSAL

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Комедија, романса
Режија : Ен Флечер
Улоги : Сандра Булок, Рајан Рејнолдс, Мери Стинбурген

Кратка содржина :

Кога енергичната уредничка на книги, Маргарет (САНДРА БУЛОК) се соочува со депортација назад во Канада, таа изјавува дека всушност е свршена за својот асистент, Ендру (РАЈАН РЕЈНОЛДС) кого го искористува и го има мачено со години. Тој се согласува да учествува во лагата, но под услов да одат во Алјаска за да го запознаат неговото неконвенционално семејство (МЕРИ СТИНБУРГЕН, КРЕГ Т. НЕЛСОН, БЕТИ ВАЈТ). Маргарет се наоѓа себеси во серија комични ситуации како риба на суво, откако таа и Ендру неволно се заколнуваат дека ќе се придржуваат до планот и покрај опасните последици.

THE INTERNATIONAL

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Акција, трилер
Режија : Том Тајквер
Улоги : Клив Овен, Наоми Вотс, Армин Мулер-Штал

Кратка содржина :

Во „Меѓународна завера“, возбудлив трилер, агентот на Интерпол Луис Салинџер (Клајв Овен) и помошничката на јавниот обвинител на Менхетн, Еленор Витман (Наоми Вотс) се решени да изнесат пред правдата една од најголемите светски банки. Откривајќи бројни и казниви нелегални активности, Салинџер и Витман ги следат парите од Берлин преку Милано, Њујорк до Истанбул. Наоѓајќи се во бркотница по светот со високи влогови, нивната непопустливост ги загрозува нивните животи бидејќи нивните мети се решени дури и да убијат, само да продолжат да финансираат војна и терор. Во режија на Том Тајквер (Трчај, Лола, Трчај) од оригинално сценарио на Ерик Сингер, „Меѓународна завера“ е снимен на локации во Германија и низ Европа.

THE TWILIGHT SAGA: NEW MOON

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Фантазија, романса
Режија : Крис Вајц
Улоги : Кристен Стјуарт, Роберт Патинсон, Тејлор Лаутнер

Кратка Содржина :


Во второто поглавје од успешните филмови „Полноќна сага“ на Стефани Мајер, романсата помеѓу обичната смртничка Бела Свон (Кристен Стјуарт) и вампирот Едвард Кален (Роберт Патинсон) станува уште посилна додека прастарите тајни се закануваат да ги уништат. Кога Едвард заминува, во обид да ја заштити Бела, таа ја тестира судбината на лекомислени начини, само да ја види уште еднаш својата љубов. Но, кога од работ ќе ја спаси нејзиниот пријател, Џејкоб Блек (Тејлор Лаутнер), Бела ќе открие мистерии од натприродниот свет кои ќе ја стават во уште поголема опасност од претходно.

СРЕДНОШКОЛСКИ МЈУЗИКЛ 3: ПОСЛЕДНА ГОДИНА

0 коментари


Оригинален наслов : HIGH SCHOOL MUSICAL 3: SENIOR YEAR
Година : 2008
Жанр : Комедија
Режија : Кени Ортега
Улоги : Зек Ефрон, Ванеса Хаџинс,Ешли Тисдајл


Кратка Содржина :

Дизниевиот феномен на СРЕДНОШКОЛСКИ МЈУЗИКЛ 3: ПОСЛЕДНА ГОДИНА доаѓа на големиот екран преку HIGH SCHOOL MUSICAL 3: SENIOR YEAR, кој ги прикажува средношколците кои се во последната година од средно училиште, ...

20 September 2010

UP

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Анимиран филм
Режија : Пит Доктер, Боб Питерсон

Кратка содржина :


Во оваа приказна за „зрелото доба“, херој од седумдесет и нешто години, заедно со својот партнер кој е ренџер за национални паркови и нема врска со животот, патува низ планетата, борејќи се со ѕверови и душмани и јадејќи си ја вечерата во 3:30 попладне.

Од Disney-Pixar пристигнува „Нагоре“, комична авантура за 78 годишен продавач на балони, Карл Фредериксен, кој конечно го исполнува својот долгогодишен сон за голема авантура кога врзува илјада банлони на својата куќа и одлетува во дивините на Јужна Америка. Но, тој предоцна открива дека неговиот најголем кошмар се има приклучено за патувањето: премногу оптимистичкото 8 годишно дете кое е истражувач на дивината, по име Расел. Од номинираниот режисер за наградата на Академијата, Пит Доктер („Чудовишта“), филмот „Нагоре“ на Disney-Pixar ве кани на урнебесното патување во еден изгубен свет, заедно со најнеспоивата двојка на светот. „Нагоре“ ќе биде претставен во Disney Digital 3-D™ во определени кино сали.

DR. SEUSS' HORTON HEARS A WHO!

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Анимиран филм
Режија : Џими Хејвард, Стив Мартино

Кратка содржина :

Врз основа на класичната приказна за деца од д-р Сус, ХОРТОН доаѓа на големите екрани во нов филм со компјутерска анимација од 20th Century Fox Animation, креаторите на филмовите „Ледено доба“.

ХОРТОН ја раскажува приказната за Хортон, пријателски настроен слон кој слуша повик за помош кој еден ден доаѓа од една мала прашинка. Кога погледнува поблиску, тој открива цела раса микроскопски „Којовци“ кои живеат во неа. Хортон се спријателува со Којовците и го штити нивниот мал свет, но неговите соседи во џунглата почнуваат да се загрижуваат дека можеби полудел, верувајќи во работи кои не постојат. Претпоставувајќи дека ништо толку мало не би можело да живее, пријателите на Хортон коваат завера да ја уништат прашинката, за да го разбудат од неговите илузии, но тој е решен да ја спаси малата прашинка.

HOTEL FOR DOGS

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Тор Фројдентал
Улоги : Ема Робертс, Џејк Т. Остин, Дон Чидл

Кратка содржина :


Братот и сестрата сираци - Енди и Брус, кои често ги менуваат негувателите, принудени се да го кријат своето сакано милениче кучето - Фрајдеј. Еден ден пронаоѓаат затворен хотел кој станува дом за Фрајдеј и за сите други кучиња - скитници кои ќе ги најдат патем. Подоцна им се придружуваат и Дејв и Хедер, кои работат во продавница за миленичиња и Марк, кој живее во близина на хотелот. Заедно тие спасуваат многу кучиња, за кои Брус смислува и конструира неколку машини користејќи делови што ги краде од неговите негуватели.Овие машини, освен што ги задоволуваат основните потреби на кучињата, наменети се за вежбање и забава.
Социјалниот работник им кажува дека можат да се преселат од кај негувателите што ги мразат кај нови, но проблемот е што тие живеат далеку од хотелот.Решени се да останат и да се грижат за беспомошните кучиња.
Една вечер, додека Енди и Дејв се на забава, машините откажуваат и прават толкава врева што соседите повикуваат полиција.Кучињата се одведени, а Брус и Енди се разделени и дадени во различни семејства.Само Фрајдеј успева да побегне и да го пронајде Дејв. Дејв ги собира сите деца и заедно решаваат да ги спассат кучињата и покрај тоа што се свесни дека ќе се најдат во голема неволја.Дали ќе успеат во нивната намера, останува да погледнете сами.

DR. DOLITTLE 4 : TAIL TO THE CHIEF

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Крег Шапиро
Улоги : Кајла Прат, Питер Којоти, Ниал Метер

Кратка содржина :

Во оваа комедија се работи за Маја Дулитл, ветеринар со неверојатни вештини за работа со животни. Маја добива повик од самиот претседател, надевајќи се дека ќе ја регрутира за помош во спречување на еден проблем со миленици да стане кучешка катастрофа.

Овој филм од 2008 пристигнува како продолжение на популарниот Д-Р ДУЛИТЛ 3 и главните улоги ги имаат Кајла Прат, Питер Којоти и една група интересни животни. Кога Маја Дулитл (Прат) дознава од Претседателот на САД дека еден проблем со пес може да се развие во светска катастрофа, таа мора да ги употреби својот шарм и животински инстинкти пред да биде предоцна.
 

МАКЕДОНСКИ ПРЕВОДИ/ MACEDONIAN SUBTITLES. Copyright 2008 All Rights Reserved Revolution Two Church theme by Brian Gardner Converted into Blogger Template by Bloganol dot com