Оригинален наслов : THE JONESES
Година : 2009
Жанр : Комедија, драма
Режија : Дерик Борте
Улоги : Деми Мур, Дејвид Духовни, Амбер Хард, Глен Хедли, Лорин Хатон
Кратка содржина :
Филмот на Дерик Борте со име " The Joneses" (Семејството Џонс) е еден од мноштвото нови холивудски филмови, кои се социјален коментар на корисничкото општество и ја прикажуваат неговата вистинска слика.
Ова е современа приказна за едно измислено семејство, чија задача е да рекламираат продукти. Тие не работат за компаниите кои ги произведуваат овие производи, туку за маркетинг-агенција која треба да ги продаде нив. Всушност, тие самите треба да ги натераат луѓето да ги купат тие продукти, воодушевувајќи ги со идеалниот живот кој го живее нивното фиктивно семејство.
Тие се доселуваат во мало место каде што животот е сосема нормален, далеку од луксузен и импресивен. Идејата ќе има биде многу едноставна - во ова пасивно место да направат капиталистичко задвижување и да ги потикнат овчичките да купуваат скапи производи. Така, Стив Џонс (Дејвид Духовни) ја има задачата да ги активира мажите да играат бели спортови (голф), да возат скапи автомобили и да се облекуваат луксузно. Кејт (Деми Мур), пак, ја има задачата да ги активира сопругите да купуваат скапи парфеми, накит и луксузна облека, а додека нивната лажна ќерка Џен и синот Мик да ги поттикнат младите да трошат, како што трошат џет-сетерите во поголемите градови. Но, како што соседите се обидуваат да го следат семејството Џонс, никој не е подготвен за вистината за ова повеќе од совршено семејство.
0 коментари:
Post a Comment