22 October 2010
МРАЧНИОТ ВИТЕЗ
Оригинален наслов : The dark knight
Година : 2008
Жанр : Акција
Режија : Кристофер Нолан
Улоги : Кристијан Бејл, Хит Леџер, Мајкл Кејн, Гери Олдмен
Кратка содржина :
Бетмен го стега обрачот околу криминалниот елемент во Готам, во второто продолжение од воскреснатиот серијал на Бетмен. „Мрачниот Витез" ја враќа актерската екипа од претходниот дел „Бетмен почетокот" на која овој пат и се придружи неодамна починатиот актер Хит Леџер. Во “Мрачниот Витез”, Бетмен со помошта на поручникот Џим Гордон и јавниот обвинител Харви Дент решително им се спротивставуваат на криминалните организации, кои се главни по улиците на нивниот град. Нивното партнерство се покажува како ефективно, но набргу и тие стануваат жртви на хаосот што го предизвикува психопатот, криминален гениј, кој им познат иа преплашените граѓани на Готам како Џокерот. Многумина сметаат дека Хит Леџер кој се појавува во улогата на Џокерот заслужува да биде постхумно награден со Оскар бидејќи она што можеме да го видиме во филмот е брилијантно, а тој веројатно е најдобриот негативец кој во последно време се појавил на големото платно.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 коментари:
Post a Comment