20 October 2010

ПРИКАЗНА ЗА ИГРАЧКИТЕ 3


 

Oригинален наслов : TOY STORY 3
Година : 2010
Жанр : Анимиран
Режија : Ли Ункрич

Кратка содржина :

„Приказна за играчките“ е еден од најуспешните и најпознатите компјутерски анимирани серијали на Пиксар. Првиот филм од серијалот е направен уште во 1995 год., и воедно е и првиот долгометражен филм кој е целосно компјутерски анимиран. Третиот дел е првично најавен како проект на Дизни, кој требаше да се реализира независно од оригиналните автори и тех. поддршка на Пиксар. Но, по обединувањето на Пиксар и Дизни, проектот се враќа во студијата на Пиксар. Така, оригиналниот режисер на првите два дела станува извршен продуцент на третиот дел, а пак, одговорниот за монтажа - режисер на филмот. Импресивната актерска екипа која ги позајмува гласовите на ликовите во филмот не се менува. Но сепак, креативниот тим се разликува доволно квалитативно за да донесе есенцијално освежување во серијалот. Не случајно, првичниот прием и рецензиите за филмот се одлични: „„Приказна за играчките 3“ е можеби и најдобриот дел во серијалот“.
Во третиот дел, продолжуваат авантурите на Вуди, Баз и нивната дружина на играчки. Но сега, заплетот е околу одењето на колеџ на нивниот сопственик Енди, кој ги остава неговите играчки во центар за дневен престој на деца. Играчките таму запознаваат нови пријатели (меѓу другите Кен и Барби) со кои почнуваат да прават план за бегство од Центарот и да го најдат Енди.


0 коментари:

 

МАКЕДОНСКИ ПРЕВОДИ/ MACEDONIAN SUBTITLES. Copyright 2008 All Rights Reserved Revolution Two Church theme by Brian Gardner Converted into Blogger Template by Bloganol dot com