20 September 2010

UP

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Анимиран филм
Режија : Пит Доктер, Боб Питерсон

Кратка содржина :


Во оваа приказна за „зрелото доба“, херој од седумдесет и нешто години, заедно со својот партнер кој е ренџер за национални паркови и нема врска со животот, патува низ планетата, борејќи се со ѕверови и душмани и јадејќи си ја вечерата во 3:30 попладне.

Од Disney-Pixar пристигнува „Нагоре“, комична авантура за 78 годишен продавач на балони, Карл Фредериксен, кој конечно го исполнува својот долгогодишен сон за голема авантура кога врзува илјада банлони на својата куќа и одлетува во дивините на Јужна Америка. Но, тој предоцна открива дека неговиот најголем кошмар се има приклучено за патувањето: премногу оптимистичкото 8 годишно дете кое е истражувач на дивината, по име Расел. Од номинираниот режисер за наградата на Академијата, Пит Доктер („Чудовишта“), филмот „Нагоре“ на Disney-Pixar ве кани на урнебесното патување во еден изгубен свет, заедно со најнеспоивата двојка на светот. „Нагоре“ ќе биде претставен во Disney Digital 3-D™ во определени кино сали.

DR. SEUSS' HORTON HEARS A WHO!

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Анимиран филм
Режија : Џими Хејвард, Стив Мартино

Кратка содржина :

Врз основа на класичната приказна за деца од д-р Сус, ХОРТОН доаѓа на големите екрани во нов филм со компјутерска анимација од 20th Century Fox Animation, креаторите на филмовите „Ледено доба“.

ХОРТОН ја раскажува приказната за Хортон, пријателски настроен слон кој слуша повик за помош кој еден ден доаѓа од една мала прашинка. Кога погледнува поблиску, тој открива цела раса микроскопски „Којовци“ кои живеат во неа. Хортон се спријателува со Којовците и го штити нивниот мал свет, но неговите соседи во џунглата почнуваат да се загрижуваат дека можеби полудел, верувајќи во работи кои не постојат. Претпоставувајќи дека ништо толку мало не би можело да живее, пријателите на Хортон коваат завера да ја уништат прашинката, за да го разбудат од неговите илузии, но тој е решен да ја спаси малата прашинка.

HOTEL FOR DOGS

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Тор Фројдентал
Улоги : Ема Робертс, Џејк Т. Остин, Дон Чидл

Кратка содржина :


Братот и сестрата сираци - Енди и Брус, кои често ги менуваат негувателите, принудени се да го кријат своето сакано милениче кучето - Фрајдеј. Еден ден пронаоѓаат затворен хотел кој станува дом за Фрајдеј и за сите други кучиња - скитници кои ќе ги најдат патем. Подоцна им се придружуваат и Дејв и Хедер, кои работат во продавница за миленичиња и Марк, кој живее во близина на хотелот. Заедно тие спасуваат многу кучиња, за кои Брус смислува и конструира неколку машини користејќи делови што ги краде од неговите негуватели.Овие машини, освен што ги задоволуваат основните потреби на кучињата, наменети се за вежбање и забава.
Социјалниот работник им кажува дека можат да се преселат од кај негувателите што ги мразат кај нови, но проблемот е што тие живеат далеку од хотелот.Решени се да останат и да се грижат за беспомошните кучиња.
Една вечер, додека Енди и Дејв се на забава, машините откажуваат и прават толкава врева што соседите повикуваат полиција.Кучињата се одведени, а Брус и Енди се разделени и дадени во различни семејства.Само Фрајдеј успева да побегне и да го пронајде Дејв. Дејв ги собира сите деца и заедно решаваат да ги спассат кучињата и покрај тоа што се свесни дека ќе се најдат во голема неволја.Дали ќе успеат во нивната намера, останува да погледнете сами.

DR. DOLITTLE 4 : TAIL TO THE CHIEF

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Крег Шапиро
Улоги : Кајла Прат, Питер Којоти, Ниал Метер

Кратка содржина :

Во оваа комедија се работи за Маја Дулитл, ветеринар со неверојатни вештини за работа со животни. Маја добива повик од самиот претседател, надевајќи се дека ќе ја регрутира за помош во спречување на еден проблем со миленици да стане кучешка катастрофа.

Овој филм од 2008 пристигнува како продолжение на популарниот Д-Р ДУЛИТЛ 3 и главните улоги ги имаат Кајла Прат, Питер Којоти и една група интересни животни. Кога Маја Дулитл (Прат) дознава од Претседателот на САД дека еден проблем со пес може да се развие во светска катастрофа, таа мора да ги употреби својот шарм и животински инстинкти пред да биде предоцна.

19 September 2010

ALVIN AND THE CHIPMUNKS

0 коментари


Година : 2007
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Тим Хил
Улоги : Џејсон Ли, Рос Багдасариан Џуниор, Џенис Карман, Дејвид Крос

Кратла содржина :

Како што се развива приказната, запознаваме три верверички Алвин, Симон и Теодор, кои гледаат како нивниот дом е рапарчен од компанија за Божиќни елки. Додека момчињата се сè уште внатре, дрвото е испорачано во холот на престижната компанија Џет Рекордс, чиј директор е опасниот извршен продуцент Иан Хок (Дејвид Крос), во центарот на Лос Анџелес. Иан е поранешен цимер со Дејв Севил (Џејсон Ли), независен музичар и текстописец кој не се откажал од надежта да направи успешна кариера со неговата ексцентрична музика. Кога Дејв оди во Џет Рекордс да му презентира нова песна на Иан, тој е исфрлен од канцеларијата. Земајќи кошница со крофни како утеха, тој талка покрај Божиќната елка која е поставена во холот. Верверичките, намирисувајќи ги вкусните крофни, скокаат во кошницата без да знае Дејв, кој несакајќи ги носи назад во неговиот стан, каде вервериците тајно и удобно се сместуваат. Пред да можете да изговорите „Алвин!!!“, животнчињата трчаат на сите страни претворајќи го новиот дом во катастрофа. Навиките за растурање вклучуваат чување на вафли под тепихот (за во зима, објаснуваат тие), и оставајќи мистериозни црни, заоблени предмети на секаде (Симон објаснува дека тоа се ... суви грозја). Шокиран од тоа што е направено во неговиот стан, Дејв уште повеќе се вчудоневидува кога открива дека не само што овие глодари можат да зборуваат, тие можат и да пеат.

BEDTIME STORIES (AKA. CLICK)

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Комедија, семеен
Режија : Адам Шенкман
Улоги : Адам Сендлер, Кери Расел, Гај Пирс

Кратка содржина :

Авантуристичка комедија во која Адам Сендлер го глуми СКИТЕР БРОНСОН, хотелски хаусмајстор чиј живот засекогаш се менува кога приспивните приказни кои ги раскажува на своите внука и внук почнуваат мистериозно да се остваруваат. Тој се обидува да го искористи феноменот, вметнувајќи ги сопствените аспирации во секоја последователна приказна, но неочекуваните постапки на децата се оние кои го испревртуваат животот на Скитер.


27 ФУСТАНИ

0 коментари

Оригинален наслов : 27 dresses
Година : 2008
Жанр : Комедија, романтичен
Режија : Ен Флечер
Улоги : Кетрин Хеигл, Џејмс Марсден, Малин Акерман

Кратка содржина :

Од сценаристот на Ѓаволот носи Прада, 27 ФУСТАНИ е сконцентриран на Џејн (Кетрин Хејгл), идеалистка, романтична и сосема несебична жена, вечна деверуша чиј среќен крај нигде го нема. Но, кога помладата сестра Тес го краде срцето на шефот на Џејн – во кој таа е тајно вљубена – Џејн почнува да го преиспитува својот стил на "вечна деверуша". Џејн секогаш знаела како да се грижи за другите, но не и за себе. Целиот живот го посветила на усреќување на другите, а има и орман полн со 27 фустани да го докаже тоа. Една незаборавна вечер, Џејн успева да присуствува на две свадби, една на Менхетн, а друга во Бруклин, настан кој го забележува Кевин (Џејмс Марсден), новинар кој сфаќа дека приказната за зависничката од свадби е негов билет надвор од новинарскиот свадбен оддел. Џејн увидува дека циничноста на Кевин побива сè што ѝ е мило – имено свадбите и почнуваат да се инаетат. Доаѓањето на помладата сестра Тес (Малин Акерман) уште толку го комплицира убаво средениот живот на Џејн. Тес веднаш го краде срцето на шефот на Џејн, Џорџ (Едвард Барнс). Тес ѝ порачува на сестра ѝ да организира уште една свадба – свадбата на Тес и Џорџ но чувствата на Џејн за него водат до шокантни откритија... А, можеби и до почеток на нов живот.

ELEGY (AKA. ELEGY: DYING ANIMAL)

0 коментари


Година : 2008

Жанр : Драма, романтичен
Режија : Изабел Коаксет
Улоги : Бен Кингсли, Пенелопе Круз, Патриција Кларксон, Денис Хупер

Кратка содржина :

Дејвид Кепеш старее. Тој е професор по литература, студент на американскиот хедонизам како и аматерски музичар и фотограф. Кога ја среќава атрактивната студентка, Конзуела, 24- годишна кубанка, тој решава да ја заведе. притоа, тој плива во подлабоки чувства, можеби се дави. Таа го притиска него да каже што сака од него, и врската се развива. Тие зборуваат за патување. Тој се доверува на својот пријател, Џорџ, поет-кој е долго во брак,кој го советува да порасне и остарее. Таа го поканува него да го запознае нејзиното семејство.Неговиот син, кој неодамна се развел, му се спротиставува. Дали елегијата за изгубените врски, изгубените можности е убавина и поминување на времето или е губење на нервите?

21

0 коментари



Година : 2008
Жанр : Трилер, драма
Режија : Роберт Лукетиќ
Улоги : Џим Стургес, Кевин Спејси, Кејт Босфорт

Кратка содржина :

Со цел да биде прифатен на училиштето по медицина Харвард, Бен Кемпбел ќе мора да заштеди 300,000 $ за запишување. Единствен проблем е што Бен не може да собере толкава сума на пари. Откако ќе биде импресиониран од неговите вештини на часот по математика, професорот Мики Роса го поканува Бен да стане член на една мала група; група која планира да излезе од Лас Вегас со милиони, благодарение на вештината на Бен да ги брои картите.

ЕРГЕНСКА ЗАБАВА 2 : ПОСЛЕДНОТО ИСКУШЕНИЕ

0 коментари


Оригинален наслов : Bachelor party 2 : The last temptation
Година : 2008
Жанр : Комедија
Режија : Џејмс Рајан
Улоги : Џејк Кук, Грег Питс, Харланд Вилијамс

Кратка содржина :


Работите стануваат уште подиви во ова бучно продолжение со нови актери и нов режисер. Опкружувањето е слично, но овој пат забавата се случува во Мајами, каде луѓето навистина знаат како да се опуштат. Забавните времиња доаѓаат, но дали тие исто така ќе ја уништат и свадбата на идниот младоженец?

Ова продолжение на лудата комедија од 1984, „Ергенска забава“ пристигнува 24 години по оригиналот, и во неа играат Џош Кук како Рон, ерген кој се вљубува и одлучува да стапи во брак со својата двомесечна девојка. Неговиот иден шура не се согласува со ова, и е решен го претстави Рон како човек кого само го интересираат пари. Следуваат многу бучни и луди настани кога идниот шура на Рон поставува цицлести замки.

X-MEN ORIGINS: WOLVERINE

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Акција, трилер
Режија : Гавин Худ
Улоги : Хју Џекман, Лив Шрајбер, Дени Хјустон

Кратка содржина :

ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВОЛВЕРИН, првото поглавје од приказната за Икс-Мен, го поврзува Вулверин со неколку легенди од светот на Икс-Мен, во епска револуција која ги турка мутантите во борба против моќните сили кои сакаат да ги елиминираат. Хју Џекман ја репризира улогата која го направи супер-ѕвезда, како свирепа машина за убивање која поседува зачудувачки моќи на заздравување, канџи од адамантиум, и примитивен бес познат како незауздан гнев. ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВОЛВЕРИН останува верен на тонот на франшизата Икс-Мен филмови, одржувајќи го балансот на филмовите помеѓу спектакуларното и реалноста, а во меѓувреме заострувајќи ги емоциите и односите. Овој филм претставува и тим на мутанти, вклучувајќи и неколкумина чие појавување во филмовите долго се очекува. Гледачите ќе го запознаат тимот Икс, тајна воена единица составена само од мутанти. Членовите на единицата се Вулверин; брат му, Виктор Крид, односно Сејбертут, брутално суштество со незамислива моќ; Вејд Вилсон, подоцна познат како Дедпул; еден платен убиец вешт со мечови; Агентот Зиро, експертски трагач и прецизен стрелец; Дух, кој е телепортер, Фред Џеј Дјукс, познат и како Д Блоб, морбидно угоен и супер-силен монструм; и Бредли, кој може да манипулира со електрична енергија. Водач на тимот е Вилјам Страјкер, лик воведен во Икс 2, но сега неговите почетоци и мотиви се целосно истражени, затоа што сложената врска на Страјкер со Вулверин го дефинира поголемиот дел од минатото и иднината на Логан. ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВОЛВЕРИН, исто така, ја претставува и трагичната романса на Логан со Кејла Силверфокс. Судбината на Кејла го поттикнува Логан да се вклучи во злокобната програма Оружје Икс, таен експеримент кој вреди милијарди долари, во кој Вулверин и други мутанти се клучни играчи. Тука се прикажани и Гамбит, младиот Скот Самерс (подоцна познат како Киклоп), прекрасна млада мутантка по име Ема Фрост, претходно споменатиот Дедпул, кој му пружа на Вулверин врвен предизвик.


18 September 2010

QUANTUM OF SOLACE

0 коментари


Година : 2008
Жанр : Акција, авантура
Режија : Марк Форстер
Улоги : Дениел Крег, Олга Кириенко, Метју Амалрик, Џуди Денч

Кратка содржина :

Предаден од страна на Веспер, жената која ја сакаше, 007 се бори со нагонот да ја претвори последната мисија во лична борба.

ОГЛЕДАЛА

0 коментари


Оригинален наслов : MIRRORS
Година : 2008
Жанр : Хорор,трилер
Режија : Александер Аја
Улоги : Кифер Сатерленд, Пола Патон, Ејми Смарт

Кратка содржина :


Од режисерот на „Ридовите имаат очи“ пристигнува ужаснувачката приказна за бившиот полицаец кој мора да го спаси своето семејство од ужасното зло кое користи огледала како порта до нивниот дом.

Натприродниот ужас се рефлектира во животот на ноќниот позорник во еден изгорен трговски центар, во овој страшен римејк на корејскиот хит „Во огледалото“. Кифер Сатерленд го игра посрамотениот бивш полицаец на Њујоршката полиција, кој има проблем со пиењето и кој е принуден да прифати работа во ноќната смена. Ако исчадените хали не се доволно морничави, Сатерленд ќе мора да се справи со голем број на опседнати огледала кои испуштаат злобна сила во неговиот живот -– се закануваат на животите на неговото семејство. Може ли тој да ја реши мистеријата околу минатото на зградата, пред да биде предоцна?

JOURNEY TO THE CENTER OF THE EARTH

0 коментари



Година : 2008
Жанр : Авантура, научна фантастика
Режија : Ерик Бревиг
Улоги : Брендан Фрејзер, Џош Хачерсон, Анита Браем, Сет Мејерс

Кратка содржина :

Брендан Фрејзер игра во ова прераскажување на класичниот роман на Жил Верн од деветнаесеттиот век - „Патување до центарот на земјата“ - со поглед од дваесет и првиот век.

G-FORCE

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Семеен, акција
Режија : Хојт Јитман
Улоги : Бил Ниги, Вил Арнет, Зек Галифианакис

Кратка содржина :


Вооружени со најновата шпионска опрема, овие морски прасиња обучени од владата откриваат дека судбината на светот е во нивни раце. Во тајната владина програма да се обучат животни за да работат како шпиони се морските прасиња Дарвин, Бластер и Хуарез.

Уметникот кој е двократен добитник на Оскар, Хојт Јитман го има своето режисерско деби со овој семеен филм во продукција на Џери Брукхајмер, следејќи една група високо обучени морски прасиња на нивната мисија да се спречи злобниот милијардер да го преземе светот. Започнувајќи во Граѓанската војна – кога гулаби писмоносци испорачувале пораки на линиите на фронтот – американската влада тајно има обучувано животни да работат во шпионажа. Најновата владина програма е еден опасен шпионски тим, познат како Тимот „Г“, кој вклучува тим од ултра интелигентни морски прасиња кои делат 98.7 проценти од својата ДНК со луѓето. Склопен од непредвидливиот експерт за оружја, Бластер (глас на Трејси Морган), привлечниот експерт за боречки вештини, Хуарез (глас на Пенелопи Круз), тешко видливиот експерт за извидување, Муч и инфилтраторот со ѕвезден нос, по име Спеклс (глас на Николас Кејџ), кој е специјалист за компјутери, овој шпионски тим од агенти го предводи херојскиот лидер на тимот, Дарвин (глас на Сем Роквел). Кога еден ментално пореметен милијардер скројува план да ја контролира целата планета преку домашни апарати, тимот тргнува во акција на мисија да обезбеди тој да не успее во тоа.

ПЕТОК 13ТИ

0 коментари
Оригинален наслов : Friday the 13th
Година : 2009
Жанр : Хорор
Режија : Маркус Ниспел
Улоги : Џеред Падалецки, Дејниел Панабејкер, Аманда Ригети

Кратка содржина :


Враќајќи се кон приказната која започна сѐ, ова прераскажување на оригиналниот „Петок 13-ти“ се навраќа на летниот камп каде еден мистериозен убиец систематски ги убива тинејџерските советници во кампот. Тие завршуваат истражувајќи го старото езеро Кемп Кристал. Наскоро, нивниот навидум забавен викенд се претвора во кошмар кога секој од нив станува ловен од страна на манијак со заварена мачета, познат како Џејсон Вурхес.

Добредојдовте назад во езерото Кристал, во морничавото прераскажување на класичниот хорор филм, „Петок 13-ти“. Барајќи ја својата исчезната сестра, Клеј Милер (Џаред Падалецки) се упатува во морничавите шуми на легендарното езеро Кристал, каде ги сретнува остатоците од старите колиби кои се во распаѓање зад дрва покриени со мов. А тоа не е единственото нешто што чека зад грмушките. И покрај советот од полицијата и предупредувањата од локалните жители, Клеј оди по малкуте нешта што му го покажуваат патот во потрагата по неговата исчезната сестра, Витни (Аманда Ригети), со помош од Џена (Даниел Панабакер), млада жена која ја сретнува во групата студенти кои сакаат да минат возбудлив викенд. Но, сите тие тукушто ќе дознаат многу повеќе од она што го бараат. Тие не се свесни дека влегуваат во светот на еден од најстрашните ликови во американската филмска историја—злогласниот убиец кој живее околу езерото Кристал, вооружен со мачета остра како жилет... Џејсон Вурхес.

JAY AND SILENT BOB STRIKE BACK

0 коментари





Година : 2001
Жанр : Комедија
Режија : Кевин Смит
Улоги : Џејсон Мебс, Кевин Смит, Бен Афлек

Кратка содржина :

Преполна со ѕвезди како Бен Афлек (ГУД ВИЛ ХАНТИНГ), Крис Рок (СЕСТРА БЕТИ), Шенон Елизабет (АМЕРИКАНСКА ПИТА), Џејсон Ли (РЕЧИСИ СЛАВЕН), и други, оваа премногу непристојна комедија претставува урнебесно финале на актерот/режисерот, Кевин Смит, во авантурите на Џеј и Тивкиот Боб кои почнаа во ПРОДАВАЧИ и минаа низ филмовите СТАОРЦИ ВО СУПЕР МАРКЕТОТ, БРКАЈЌИ ЈА ЕЈМИ и ДОГМА! Кога најдобрите пријатели, Џеј (Џејсон Мебс) и Тивкиот Боб (Кевин Смит) откриваат дека еден голем филм се базира на нив, тие се упатуваат во Холивуд за да ги бараат парите од големиот филм кои ги заслужуваат. Но, кога надуваното дуо дознава дека не ги вклучиле во поделбата за парите, тие планираат да го саботираат филмот по секоја цена! Со еден куп славни актери во споредни улоги и со одлична музика, крос кантри патувањето на Џеј и Тивкиот Боб претставува краток курс за правилата на патот, со постојано среќавање на неверојатни ликови кои ќе ве натераат да се смеете на глас!

LES FEMMES DE L'OMBRE (AKA. FEMALE AGENTS)

0 коментари



Година : 2008
Жанр : Драма, воен
Режија : Жан-Пол Саломе
Улоги : Софи Марсо, Жули Депардио, Мари Жилен, Дебора Франсоа, Маја Санса

Кратка содржина :

Во Мај 1944, група француски жени-војници и борци на отпорот се регрутирани во британската група командоси за посебни задачи, под команда на Луис Дефонтен и нејзиниот брат, Пјер. Нивната мисија, да спасат британски воен геолог кој е фатен при мисија на извидување на плажите во Нормандија, и да убијат германски полковник на СС кој е блиску до откривање на тајната за „Денот Д“, се покажува како полна со емотивност и бруталност. Приказната е инспирирана од постигнувањата на одликуваната агентка Лисе де Баизак.

DAYBREAKERS

0 коментари



Година : 2010
Жанр : Хорор, научна фантастика
Режија : Мајкл Спиериг, Питер Спиериг
Улоги : Итан Хоук, Вилием Дефо, Клаудија Карван

Кратка содржина :


Едвард Далтон е истражувач во годината 2019 во која една непозната чума го има претворено светското население во вампири. Додека човечката популација се наближува кон истребување, вампирите мораат да го фатат и да го чуваат секој преостанат човек на фарма, или да најдат замена за крв пред времето да истече. Сепак, една таинствена група вампири прави неверојатно откритие, откритие кое има моќ да ја спаси човечката раса.

Годината е 2019, Една мистериозна чума се има појавено на земјата, претворајќи го мнозинството од светското население во вампири. Моментално луѓето се загрозен вид од втор ред – присилени да се кријат додека се ловени и искористувани како храна за вампирите, до работ на истребување. Сѐ зависи од Едвард Далтон, вампирски истражувач кој одбива да се храни со човечка крв и кој развива замена за крв која би можела да ги одржи вампирите и да ги поштеди малкумината преостанати луѓе. Но, времето и надежта истекуваат - сѐ додека Ед не ја сретне Одри, преживеана жена човек која го води до епохално медицинско откритие. Наоружан со знаења за кои и луѓето и вампирите би убиле, Ед мора да се бори со својот сопствен вид во една смртоносна битка која ќе ја одлучи судбината на човечката раса.

JOURNAL OF A CONTRACT KILLER

0 коментари



Година : 2008
Жанр : Акција, криминален
Режија : Тони Мајлам
Улоги : Џастин Пауел

Кратка содржина :


Инспирирана од вистински настани, акционата драма на режисерот Тони Мајлам ја раскажува приказната за убавата жена која е платен убиец и која е присилена да се соочи со мафијата откако ќе ѝ ја киднапираат седумгодишната ќерка.

Стефани Комак (Џастин Пауел) е скапа проститутка, како и атентатор од светска класа, извршувајќи нарачани убиства за италијанската мафија. Таа сака да започне нов живот во Лондон, како келнерка, за да се издржува себеси и својата мала ќерка, но сега старите шефови на Стефани ја имаат најдено и сакаат да и дадат понуда која не може да ја одбие. Тоа требаше да е нејзината последна работа, но кога убиството не оди како што треба, мафијата ја киднапира ќерката на Стефани за казна. Кога Стефани се соочува со тешкото сознание дека ќе умре, без разлика колку цврсто ќе се бори, таа одлучува да ја врати својата ќерка и да бара одмазда против луѓето кои ѝ го украдоа единственото нешто што го сака.

HOUSE PARTY

0 коментари



Година : 1990
Жанр : Комедија, музички
Режија : Реџиналд Хадлин
Улоги : Кристофер Рид, Кристофер Мартин, Робин Хeрис

Кратка содржина :

Кога ќе дојде време за забава, време е да се сруши куќата! Ако ги фатат, сѐ ќе биде готово. Но, ако не ги фатат тогаш тукушто ќе започне... Кид и Плеј играат во оваа урнебесна комедија која го започна лудилото по домашни забави.

„Куќна забава“ е заразна, енергична комедија во која игра рап дуото, „Кид ен Плеј“. Кид (Кристофер Рид) одлучува да направи забава каде планира да го урне кровот од куќата со своите вештини за рима, па така тој и неговиот пријател Плеј (Кристофер Мартин) прават огромна забава додека родителите на Плеј не се дома. На денот на забавата, Кид е казнет од својот татко (Робин Херис), па тој мора да се искраде од куќата за да оди на забавата, каде се соочува со неколкумина рапери кои му се ривали, како и со еден куп прекрасни девојки. Иако „Куќна забава“ следи стандардна приказна уште од рокенрол филмовите од 50-те, сценариото е инвентивно и дава многу различни заплети и перипетии, додека режијата на Реџиналд Хадлин е одлична и многу, многу смешна. „Кид ен Плеј“ се одлични, но навистина се истакнува легендарниот комичар, Робин Херис во една од малкуте негови улоги во филм. Подоцна, „Куќна забава“ произведе и две продолженија како и анимирана телевизиска серија.

SURROGATES

0 коментари


Година : 2009
Жанр : Акција, научна фантастика
Режија : Џонатан Мостов
Улоги : Брус Вилис, Рада Мичел, Розамунд Пајк

Кратка содржина :


Агентите на ФБИ (БРУС ВИЛИС и РАДА МИЧЕЛ) го истражуваат мистериозното убиство на еден студент, поврзано со човекот кој помогнал да се создаде високо-технолошкиот феномен кој им овозможува на луѓето да си купат совршена роботска верзија од себе. Убиството поттикнува потрага по одговори: во свет на маски, кој е вистински и кому може да му се верува?

17 September 2010

READY? OK!

0 коментари




Година : 2008
Жанр : Комедија
Режија : Џејмс Васкез
Улоги : Кери Престон, Лури Постон

Кратка содржина :


Андреа, самостојна мајка (Кери Престон), се бори да го израсне својот десетгодишен син Џошуа (Лури Постон). Андреа е загрижена за интересите на Џошуа. Наместо да сака да биде во училишниот боречки тим, Џошуа се бори да влезе во навивачкиот тим.Кога на учениците ќе им биде кажано да се облечат како некој познат светски модел, Џошуа ќе ја избере Марија вон Трап. Филмот ја истажува битката на Андреа да стане нејзиниот син нормален, срамејќи се од неговата личност и прифаќајки го каков што е.

16 September 2010

YOU DON'T MESS WITH THE ZOHAN

0 коментари





Година : 2008
Жанр : Комедија, акција
Режија : Денис Дуган
Улоги : Адам Сендлер, Џон Туртуро, Емануел Крики

Кратка содржина :

Зохан, еден врвен израелски командос ја лажира својата сопствена смрт за да го следи својот сон: да стане фризер во Њујорк. Иако сака да го остави животот на борец против тероризмот зад себе, набргу дознава дека не е толку едноставно човек да избега од своите корени. Додека новите и старите непријатели се обидуваат да го убијат, сите тие ќе дознаат една иста работа: „Нема играчка со Зохан“.

Во „Нема играчка со Зохан“, комедија од сценаристите Џад Апартау („Затруднета“), Роберт Смигел („Триумф, навредливото куче комичар“) и Адам Сендлер, Сендлер го игра Зохан, израелски командос кој ја лажира сопствената смрт за да го следи својот сон: да стане фризер во Њујорк. Режисер е Денис Дуган.

NIGHT AT THE MUSEUM 2: BATTLE OF THE SMITHSONIAN

0 коментари




Година : 2009
Жанр : Комедија, Авантура
Режија : Шон Леви
Улоги : Бен Стилер, Ејми Адамс, Овен Вилсон

Кратка содржина :
Падна ноќ над Смитсоновиот институт во Вашингтон. Водичите се веќе дома, светлата се изгасени, учениците се веќе во кревет... Сепак, се подготвува нешто неверојатно, додека ноќниот чувар Лари Дејли е намамен во својата најголема и најнезамислива авантура досега, во која историјата навистина оживува. Во вториот дел од приказната ноќ во музејот, Лари се соочува со толку епска битка која што може да се одвива само во ходниците на најголемиот музеј во светот. Сега, Лари мора да се обиде да ги спаси претходно безживотни пријатели од она што може да биде последна битка меѓу чудата на Смитсоновиот музеј, каде сѐ, од познатите слики на ѕидовите до ракетите во ходниците, одненадеж како да имаат свои мисли. Првиот филм снимен во Смитсоновиот комплекс. Забавата почнува кога Лари ја напушта ниско платената работа како чувар на музеи и станува баран изумител на производи на „Дејли Дивајсес“ кои се продаваат на телевизија. Изгледа како да има сѐ, но нешто недостига во неговиот живот, нешто што го влече кон старото дувло, Музејот за природна историја, каде еднаш ја доживеа најмагичната ноќ во својот живот. Таму, тој открива нешто вознемирувачко. Неговите омилени експонати, некои од неговите вистински пријатели, станале застарени. Спакувани во сандаци, чекаат да бидат испорачани во огромните архиви на Смитсоновиот комплекс. Судбината им е непозната, но само додека Лари не прими повик за помош од минијатурниот каубој Џебедаја (Овен Вилсон), кој го информира за претстојната катастрофа. Се чини дека новодојдените ги разбудиле новите ископини, вклучувајќи го и египетскиот владетел Камунра (Хенк Азарија), кој е особено нерасположен по 3.000 години дремка. Сега, тој и тројцата најгнасни луѓе од историјата, имено Иван Грозниот (Кристофер Гест), Наполеон Бонапарта (Ален Шабат) и Ал Капоне (Џон Бернтал), заговараат да го заземат музејот (а потоа и светот), при што ја ослободуваат Армијата од подземјето. Брзајќи кон главниот град, на Лари му е јасно дека не може да се справи со ова. Но, тој стекнува и впечатливи нови пријатели, од брилијантниот Алберт Ајнштајн до чесниот Ејб Линколн, па дури и експонатот кој му го одзема здивот, нескротливата Амелија Ерхарт (Ејми Адамс), која го поттикнува Лари повторно да ја пронајде својата изгубена смисла за забава и авантура. Заедно со старите пријатели, вклучувајќи ги Теди Рузвелт (Робин Вилијамс), Октавиј (Стив Куган, Сакаџавија (Мицуо Пек), Атила Хунски (Патрик Галагер) и Неандерталците - Лари е решен да си ги врати пријателите и да го врати редот во националната алеја, од споменикот на Линколн до Музејот за воздушни и вселенски летала пред да зазори. НОЌ ВО МУЗЕЈОТ 2 е првиот филм кој е снимен во најелитниот музејски комплекс, Смитсоновиот институт, најголемиот и најпосетуваниот музеј во светот.

MEET DAVE (AKA. STARSHIP DAVE)

0 коментари





Година : 2008
Жанр : Комедија, научна Фантастика
Режија :
Брајан Робинс
Улоги : Еди Марфи, Елизабет Бенкс, Гејбриел Јунион

Кратка содржина :


Барајќи начин да го спасат својот свет кој е осуден на пропаст, еден екипаж од мали, човеколики вонземјани пристигнува на Земјата, во совршената камуфлажа - вселенски брод кој има облик на обичен човек.

Со нивната родна планета во опасност и без место во познатиот универзум, каде би барале засолниште, еден очаен екипаж од минијатурни човеколики вонземјани се качува во човечки вселенски брод, со надеж дека ќе го спасат својот свет кој е осуден на пропаст. Еди Марфи игра во оваа научно-фантастична комедија која повторно го здружува долгогодишниот комичар со режисерот на „Норбит“, Брајан Робинс.


Road Trip: Beer Pong

0 коментари
 

МАКЕДОНСКИ ПРЕВОДИ/ MACEDONIAN SUBTITLES. Copyright 2008 All Rights Reserved Revolution Two Church theme by Brian Gardner Converted into Blogger Template by Bloganol dot com