
Година : 2001
Жанр : Комедија
Режија : Кевин Смит
Улоги : Џејсон Мебс, Кевин Смит, Бен Афлек
Кратка содржина :
Преполна со ѕвезди како Бен Афлек (ГУД ВИЛ ХАНТИНГ), Крис Рок (СЕСТРА БЕТИ), Шенон Елизабет (АМЕРИКАНСКА ПИТА), Џејсон Ли (РЕЧИСИ СЛАВЕН), и други, оваа премногу непристојна комедија претставува урнебесно финале на актерот/режисерот, Кевин Смит, во авантурите на Џеј и Тивкиот Боб кои почнаа во ПРОДАВАЧИ и минаа низ филмовите СТАОРЦИ ВО СУПЕР МАРКЕТОТ, БРКАЈЌИ ЈА ЕЈМИ и ДОГМА! Кога најдобрите пријатели, Џеј (Џејсон Мебс) и Тивкиот Боб (Кевин Смит) откриваат дека еден голем филм се базира на нив, тие се упатуваат во Холивуд за да ги бараат парите од големиот филм кои ги заслужуваат. Но, кога надуваното дуо дознава дека не ги вклучиле во поделбата за парите, тие планираат да го саботираат филмот по секоја цена! Со еден куп славни актери во споредни улоги и со одлична музика, крос кантри патувањето на Џеј и Тивкиот Боб претставува краток курс за правилата на патот, со постојано среќавање на неверојатни ликови кои ќе ве натераат да се смеете на глас!
0 коментари:
Post a Comment