Година : 2009
Жанр : Хорор
Режија : Маркус Ниспел
Улоги : Џеред Падалецки, Дејниел Панабејкер, Аманда Ригети
Кратка содржина :
Враќајќи се кон приказната која започна сѐ, ова прераскажување на оригиналниот „Петок 13-ти“ се навраќа на летниот камп каде еден мистериозен убиец систематски ги убива тинејџерските советници во кампот. Тие завршуваат истражувајќи го старото езеро Кемп Кристал. Наскоро, нивниот навидум забавен викенд се претвора во кошмар кога секој од нив станува ловен од страна на манијак со заварена мачета, познат како Џејсон Вурхес.
Добредојдовте назад во езерото Кристал, во морничавото прераскажување на класичниот хорор филм, „Петок 13-ти“. Барајќи ја својата исчезната сестра, Клеј Милер (Џаред Падалецки) се упатува во морничавите шуми на легендарното езеро Кристал, каде ги сретнува остатоците од старите колиби кои се во распаѓање зад дрва покриени со мов. А тоа не е единственото нешто што чека зад грмушките. И покрај советот од полицијата и предупредувањата од локалните жители, Клеј оди по малкуте нешта што му го покажуваат патот во потрагата по неговата исчезната сестра, Витни (Аманда Ригети), со помош од Џена (Даниел Панабакер), млада жена која ја сретнува во групата студенти кои сакаат да минат возбудлив викенд. Но, сите тие тукушто ќе дознаат многу повеќе од она што го бараат. Тие не се свесни дека влегуваат во светот на еден од најстрашните ликови во американската филмска историја—злогласниот убиец кој живее околу езерото Кристал, вооружен со мачета остра како жилет... Џејсон Вурхес.

0 коментари:
Post a Comment