19 September 2010

27 ФУСТАНИ



Оригинален наслов : 27 dresses
Година : 2008
Жанр : Комедија, романтичен
Режија : Ен Флечер
Улоги : Кетрин Хеигл, Џејмс Марсден, Малин Акерман

Кратка содржина :

Од сценаристот на Ѓаволот носи Прада, 27 ФУСТАНИ е сконцентриран на Џејн (Кетрин Хејгл), идеалистка, романтична и сосема несебична жена, вечна деверуша чиј среќен крај нигде го нема. Но, кога помладата сестра Тес го краде срцето на шефот на Џејн – во кој таа е тајно вљубена – Џејн почнува да го преиспитува својот стил на "вечна деверуша". Џејн секогаш знаела како да се грижи за другите, но не и за себе. Целиот живот го посветила на усреќување на другите, а има и орман полн со 27 фустани да го докаже тоа. Една незаборавна вечер, Џејн успева да присуствува на две свадби, една на Менхетн, а друга во Бруклин, настан кој го забележува Кевин (Џејмс Марсден), новинар кој сфаќа дека приказната за зависничката од свадби е негов билет надвор од новинарскиот свадбен оддел. Џејн увидува дека циничноста на Кевин побива сè што ѝ е мило – имено свадбите и почнуваат да се инаетат. Доаѓањето на помладата сестра Тес (Малин Акерман) уште толку го комплицира убаво средениот живот на Џејн. Тес веднаш го краде срцето на шефот на Џејн, Џорџ (Едвард Барнс). Тес ѝ порачува на сестра ѝ да организира уште една свадба – свадбата на Тес и Џорџ но чувствата на Џејн за него водат до шокантни откритија... А, можеби и до почеток на нов живот.

0 коментари:

 

МАКЕДОНСКИ ПРЕВОДИ/ MACEDONIAN SUBTITLES. Copyright 2008 All Rights Reserved Revolution Two Church theme by Brian Gardner Converted into Blogger Template by Bloganol dot com