
Година : 2009
Жанр : Комедија, Авантура
Режија : Шон Леви
Улоги : Бен Стилер, Ејми Адамс, Овен Вилсон
Кратка содржина :
Падна ноќ над Смитсоновиот институт во Вашингтон. Водичите се веќе дома, светлата се изгасени, учениците се веќе во кревет... Сепак, се подготвува нешто неверојатно, додека ноќниот чувар Лари Дејли е намамен во својата најголема и најнезамислива авантура досега, во која историјата навистина оживува. Во вториот дел од приказната ноќ во музејот, Лари се соочува со толку епска битка која што може да се одвива само во ходниците на најголемиот музеј во светот. Сега, Лари мора да се обиде да ги спаси претходно безживотни пријатели од она што може да биде последна битка меѓу чудата на Смитсоновиот музеј, каде сѐ, од познатите слики на ѕидовите до ракетите во ходниците, одненадеж како да имаат свои мисли. Првиот филм снимен во Смитсоновиот комплекс. Забавата почнува кога Лари ја напушта ниско платената работа како чувар на музеи и станува баран изумител на производи на „Дејли Дивајсес“ кои се продаваат на телевизија. Изгледа како да има сѐ, но нешто недостига во неговиот живот, нешто што го влече кон старото дувло, Музејот за природна историја, каде еднаш ја доживеа најмагичната ноќ во својот живот. Таму, тој открива нешто вознемирувачко. Неговите омилени експонати, некои од неговите вистински пријатели, станале застарени. Спакувани во сандаци, чекаат да бидат испорачани во огромните архиви на Смитсоновиот комплекс. Судбината им е непозната, но само додека Лари не прими повик за помош од минијатурниот каубој Џебедаја (Овен Вилсон), кој го информира за претстојната катастрофа. Се чини дека новодојдените ги разбудиле новите ископини, вклучувајќи го и египетскиот владетел Камунра (Хенк Азарија), кој е особено нерасположен по 3.000 години дремка. Сега, тој и тројцата најгнасни луѓе од историјата, имено Иван Грозниот (Кристофер Гест), Наполеон Бонапарта (Ален Шабат) и Ал Капоне (Џон Бернтал), заговараат да го заземат музејот (а потоа и светот), при што ја ослободуваат Армијата од подземјето. Брзајќи кон главниот град, на Лари му е јасно дека не може да се справи со ова. Но, тој стекнува и впечатливи нови пријатели, од брилијантниот Алберт Ајнштајн до чесниот Ејб Линколн, па дури и експонатот кој му го одзема здивот, нескротливата Амелија Ерхарт (Ејми Адамс), која го поттикнува Лари повторно да ја пронајде својата изгубена смисла за забава и авантура. Заедно со старите пријатели, вклучувајќи ги Теди Рузвелт (Робин Вилијамс), Октавиј (Стив Куган, Сакаџавија (Мицуо Пек), Атила Хунски (Патрик Галагер) и Неандерталците - Лари е решен да си ги врати пријателите и да го врати редот во националната алеја, од споменикот на Линколн до Музејот за воздушни и вселенски летала пред да зазори. НОЌ ВО МУЗЕЈОТ 2 е првиот филм кој е снимен во најелитниот музејски комплекс, Смитсоновиот институт, најголемиот и најпосетуваниот музеј во светот.
0 коментари:
Post a Comment